Утрински Весник
Македонија

Од Струга до Карибите: Лушо подготвен за екстремното прекуокеанско пловење

Screen shot 2025 11 10 at 5.56.33 pm.png

Стружанецот Ердал Лушо започнува храбра и единствена мисија – сам ќе го преплови Атлантскиот океан со едрилица што ја изработил со свои раце.

Лушо, кој цели 16 месеци ја градел својата едрилица „Пиксел“, е единствениот претставник од Македонија и еден од само осуммина натпреварувачи во светот кои се квалификувале за оваа екстремна прекуокеанска трка. Според строгите правила, секој учесник мора самостојно да ја изработи својата едрилица – без индустриска помош.


Трката започнува во Португалија, а крајната цел се Карибите – пат долг илјадници километри, кој треба да се совлада за околу 40 дена, исклучиво со сила на ветерот и прецизна навигација.

Во моментов, Лушо се наоѓа во Португалија, каде што трката требаше да започне на 11 ноември, но стартот е одложен поради лоши временски услови.

„По топлиот пречек во Лисабон, тргнавме кон Сагреш, каде што е стартната точка на трката. Поради невремето се засолнивме во Портимао и таму ќе останеме неколку дена за дополнителни подготовки“, сподели Ердал на својот Инстаграм-профил.

И покрај неколкуте технички предизвици, тој уверува дека и тој и Пиксел се подготвени за големото патување – авантура што ќе го впише во историјата како првиот Македонец што самостојно се впуштил во пловење преку Атлантскиот океан.

Можете да прочитате

Температури над просекот за ноември, денешниот ден беше топол и сончев

Ќе плаќаме повеќе за нарачките од „Тему“?! – Предлог Законот за ДДВ го мина првиот филтер

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции