Утрински Весник
Македонија

Докторот од Македонија кој прегази куче во Софија се пријавил во полиција – ослободен е со кауција од 5.000 лева

Text max 1199 655.jpg

Иако изминатите два дена бугарските медиуми шпекулираа дека Цоневски си заминал од Бугарија, сепак од софиската полиција потврди дека тој со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му биле дадени материјалите од обвинението и бил пуштен со кауција од 5 илјади лева.

Бугарското обвинителство веќе соопшти дека против него е покренато обвинение за „екстремна суровост кон животно“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна.


Вознемирувачката снимка од инцидентот предизвика жестоки реакции и протести кај нашиот источен сосед, а доколку судот во Бугарија го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија

Можете да прочитате

Ќе плаќаме повеќе за нарачките од „Тему“?! – Предлог Законот за ДДВ го мина првиот филтер

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

Беџети: Нема да ме исплашите со нарачани и фабрикувани кривични пријави