Утрински Весник
Македонија

МОН го продолжи рокот за пријава за студентскиот оброк

Ministerstvo Za Obrazovanie I Nauka.jpg

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк – од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување од денеска до 16 ноември 2025.

МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.


-Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, се наведува во објавата.

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев