Утрински Весник
Скопје

Галетановски: Секогаш сум тука да помагам на ЗОО

Galetanovski 1.jpg

Откако дел од вработените во Зоолошката градина Скопје побараа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да го врати за директор Ѓорги Галетановски, нема придвижување во таа насока, пишува Слободен Печат.

Војо Иванов, кој со години работи во Зоолошката како негувател, го повика градоначалникот да размисли за тоа кому ќе му ја даде довербата да директорува со Зоолошката, која догодина треба да прослави 100 години постоење.


„Слободен печат“ се обрати до Галетановски за негов коментар.

„Знам дека ЗОО Скопје е во многу лоша состојба и се надевам дека ќе дојдат подобри времиња за некогаш најпосетената институција во Македонија. Јас и во минатиот период никогаш не ги оставив и им помагав колку можам и на вработените и на животните. Им благодарам на вработените во ЗОО, јавноста и вам медиумите за грижата за ЗОО и животните. Јас сум моментално советник во град Скопје избран од граѓаните и не сум размислувал нити разговарал за мое враќање таму и секогаш ќе бидам достапен за нив и за животните и колку можам ќе помагам“ изјави за „Слободен печат“ Галетановски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје