Утрински Весник
Свет

На Тајван евакуирани над 8.000 луѓе поради тропската бура Фунг-вонг

20251112155319 big 730x400 83.webp.webp

Повеќе од 8.300 луѓе се евакуирани од крајбрежните и планинските области на Тајван поради тропската бура Фунг-вонг.

Фунг-вонг имаше сила на супертајфун кога на 9 ноември ги погоди Филипини, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и усмрти 27 луѓе.


Фунг-вонг сега е со сила на тропска бура и се очекува ветерот да губи брзина и сила како се приближува до Тајван.

Во централните и јужните делови на Тајван затворени се училиштата и институциите.

Можете да прочитате

Силни украински напади врз Крим

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина