Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на Влада ќе има, но кога ќе биде не се знае

Vladas.jpg

Реконструкцијата на Владата е неопходна, според коалициските партнери во извршната власт, но сè уште не е познато кога ќе се спроведе. Она што ТВ21 неофицијално го дознава од извори во Владата е дека ќе има замени на министри и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и од коалицијата ВЛЕН.

Според информациите на дел од медиумите ќе се менуваат следните министри:


Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски (ВМРО-ДПМНЕ)
Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ)
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ)
Министеркa за образование – Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ)
Министер за правда – Игор Филков (ЗНАМ)
Министер за економија – Бесар Дурмиши (ВЛЕН)
Министер за европски прашања – Орхан Муртезани (ВЛЕН)

Заменик-премиерот за добро управување Арбен Фетаи изјави дека засега познато е само едно име – дека Беким Сали ќе го замени Изет Меџити, актуелен градоначалник на Чаир, на функцијата прв заменик-премиер. А за министер за екологија, лидерите на ВЛЕН утре треба да имаат средба со премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи