Утрински Весник
Македонија

Следниот „Марш за ангелите“ на 15 ноември во Скопје

20251111111906 big 730x400 37.webp.webp

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје.

Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.


– Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. Маршираме за вистината. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка, порачаа родителите во видеопорака.

Можете да прочитате

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава

Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

Милијарди евра во македонската економија: Шест нови автопатски решенија го менуваат развојниот курс на државата