Утрински Весник
Македонија

Фетаи: Безбедноста не се раѓа од страв, таа расте од доверба

Image 2025 11 11 102105950.png

Во организација на Советот за регионална соработка (СРС), со поддршка од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија  и Министерството за внатрешни работи на Италија и во партнерство со Владата на Република Северна Македонија, денес во Скопје свечено беше отворена 10-та јубилејна Годишна конференција за координација на безбедноста на Западен Балкан под мотото „Западен Балкан – ЕУ: Заедничка безбедност, заедничка иднина“. Северна Македонија, како земја домаќин, го потврдува водечкиот улога во регионалните безбедносни иницијативи.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро управување, г. Арбен Фетаи, се обрати на отворањето заедно со генералниот секретар на СРС, г. Амер Капетановиќ, заменик-генералниот директор за јавна безбедност на Италија, г. Стефано Гамбакурта, и амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери.


Заменик-претседателот Фетаи во својот говор нагласи дека „Безбедноста не се раѓа од стравот, таа расте од довербата. Кога институциите се транспарентни и одговорни, се намалува просторот за злоупотреба, корупција и арбитрерност“.Според него , довербата е определувачкиот збор на нашето време. Таа е новата валута на модерното управување, повредна од било која друга, бидејќи без неа нема економски напредок, политичка стабилност или институционални реформи.

Конференцијата се одржува во клучен момент кога ЕУ ги интензивира напорите за Европската одбрана, проширувањето на Шенген и Планот за раст. Италија ја потврдува својата посветеност кон регионот, додека Северна Македонија покажува лидерство во усогласувањето со европските безбедносни стандарди. „Заедничката иднина на Балканот и Европа нема да се мери според бројот на потпишани договори, туку според длабочината на довербата што ја градиме меѓу државите, институциите и граѓаните“, додаде Фетаи, нагласувајќи ја потребата од изградба на нова култура на безбедност – похумана, покооперативна и поевропска.

Утре, на 12 ноември, ќе се одржат паралелни работни групи за миграција, организиран криминал и сајбер закани, кои ќе излезат со конкретни препораки за следните чекори.

Оваа конференција е најголемиот регионален форум за безбедност и јасен сигнал дека Западен Балкан е активен фактор, а не само корисник на европската безбедност.

Можете да прочитате

Реконструкција на Влада ќе има, но кога ќе биде не се знае

Започна проектот „Кон безбедна и здрава работна средина“

Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство од 1 февруари ќе биде под надлежност на ЦУК