Утрински Весник
Скопје

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Image 2025 11 11 104750471.png

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, да ги објави сите фирми со долг, како и имињата и презимињата на сите 500 вработени кои биле отпуштени од работа. Таа го повика Ѓорѓиевски на дебата.

-Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот.


Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш.

Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.

Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш.

Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење, – стои во објавата на нејзиниот Фејсбук профил.

Можете да прочитате

Старт на имплементација на проектот „UrbanGreenLeap-Мултифункционален пилот-парк во Волково

Герасимовски: Доделени 48 спортски стипендии, инвестираме во нови базени и современа училишна инфраструктура

Призма: Казни за новинари, молк за владините снимки со нерегистриран дрон