Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт се суспендира ИПАРД, корупцијата цвета во власта

Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на СДСМ:

Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. 


Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. 

Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции.

Овој мега скандал е показател за систем на корупција и клиентелизам што целосно ја разорува довербата на граѓаните во институциите.

Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста.

Прашањето сега е кој ќе понесе одговорност за овој мега скандал?

Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Кој ќе одговара за криењето информации од јавноста?

Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка? 

Оние што се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Мицкоски и блиски соработници на  Трипуновски од министерството, затоа политичката одговорност за овој случај мора да има.

Ќе го повика ли Мицкоски на одговорност Трипиновски или ќе продолжи да го штити?

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата