Утрински Весник
Македонија

Леон не беше поканет на роденден, но доби изненадување што го допре цело Скопје

Img 0903.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По трогателната приказна која ја растажи јавноста – дека 12-годишниот Леон од Скопје, дете со аутизам, бил единствениот ученик кој не добил покана за роденденот на другарче од класот – следуваше чин што ја врати вербата во човечноста.

Токму кога срцата на многумина се стегнаа од тага, една жена реши да направи нешто големо. Ирина Камилоска, трогната од ситуацијата, му приреди роденден што никогаш нема да го заборави. Во училиштето пристигнаа гости со најголеми срца – пожарникари, пилот, кошаркари, планинари и жена полицаец.


Леон, кој првично бил разочаран што не бил дел од прославата на своите врсници, тој ден го доживеа како вистински херој. Најголемата радост му ја донесоа скопските пожарникари го повозеле во противпожарното возило, му овозможиле да ја облече униформата и му подариле ден исполнет со насмевки, аплаузи и гушкања.

Фотографиите и видеата од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде илјадници граѓани упатија пораки на поддршка и благодарност. За многумина, ова е потсетник дека светот станува подобро место токму тогаш кога ќе избереме да бидеме добри – без предрасуди, без разлики, со чисто срце.

„Леон заслужи да биде славен, затоа што секое дете заслужува љубов,“ напишаа многумина во коментарите.

Овој гест ја врати вербата дека човечноста сè уште постои и дека еден роденден, направен со љубов, може да ја промени не само неговата приказна, туку и нашата вера во добрината.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана