
Една од најголемите хрватски поп ѕвезди, Весна Писаровиќ, конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што нејзиниот препознатлив глас – симбол на една цела музичка ера – ќе одекне во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика.
Во организација на Евентум продукција, македонската публика ќе има ретка можност во живо да ја слушне пејачката чиј репертоар остави неизбришлива трага на регионалната сцена. Хитовите „Да знаш“, „Јутро доноси крај“ и „Сасвим сигурна“ се песни кои ја обележаа младоста на многумина и сè уште живеат во срцата на генерациите што пораснаа со нив. Публиката ја памети и по емотивниот дует со Владо Јаневски во хрватската верзија на евергринот „Љубовта е моја религија“.
По неколку години музичка пауза и живот во Берлин, каде што се посвети на џез музиката и настапуваше на престижни европски сцени, Весна се враќа на поп сцената посилна од кога било – со нова енергија и современ звук што го спојува нејзиниот препознатлив емоционален стил со свежи музички влијанија.
Во Скопје ќе ја слушнеме во најдоброто нејзино издание – со спој на големите хитови и нови изведби што ветуваат вечер исполнета со страст, топлина и спомени.
„Многу сум возбудена што конечно ќе пеам во Скопје! Македонија отсекогаш била земја со прекрасна публика и голема љубов кон музиката. Верувам дека оваа вечер ќе биде посебна – исполнета со емоции, спомени и топлина. Едвај чекам да се сретнеме и да ги отпееме песните кои нѐ поврзаа сите овие години“, вели Весна Писаровиќ, најавувајќи концерт што ќе биде едно од најемотивните музички доживувања во 2026 година.
Концертот на Весна Писаровиќ во Скопје е повеќе од настан – тоа е средба со времето кога секоја песна носеше своја приказна. Подгответе се за вечер која ќе ги разбуди сите сетила и ќе ја запише 2026 година како година на големото враќање на еден од најубавите гласови на Балканот.
Билетите за концертот се веќе во продажба преку www.sountix.com.
Не ја пропуштајте оваа единствена можност – Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Скопје, а нејзиниот концерт ветува магична вечер што ќе се памети долго!


