Утрински Весник
Македонија

Инцидент во Струшко: Во близина на угостителски објект пукано во воздух од БМВ во движење

Policija 1.webp.webp

На  08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице- сопатник во патничко возило „бмв” го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол