Утрински Весник
Македонија

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта

Policija kav.jpg

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Министерството за култура и туризам со реакција на соопштението на СКРМ

Николова: Оптимизацијата на Јаневска значи отпуштања наставници и гасење на руралните средини