Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка

Dozd.jpg
Dik 300x250 mk

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци. 

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5,  во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци еден литар на метар квадратен.

До вторник синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Денеска наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. 

Можете да прочитате

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа

Скопје се буди од запуштеноста, градот се чисти од темел