Утрински Весник
Македонија

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова

Ch 06112025 5.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна
Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката
Гордана Силјановска Давкова на 06.11.2025. За време на средбата тие ги потврдија
добрите билатерални односи и ја изразија својата заложба да продолжат со нивно
зајакнување.
„Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја и
убеден сум дека во наредните години ќе се појават нови можности за зајакнување на
нашите односи“ – изјави амбасадорот Зомер за време на средбата.
Тој нагласи дека Швајцарија придава големо значење на здружувањето на силите со
Северна Македонија во обликувањето на заедничката иднина, во време кога
глобалната заедница се соочува со нова ера на политички и економски превирања,
кога Европа е сред бура, долгогодишните меѓународни норми и институции се сè
повеќе под притисок, а технолошките промени имаат силно влијание на сите нивоа.
Заедно со заложбата за понатамошно продлабочување на политичката, економската,
културната и научната размена, новата Програма за соработка 2025-2028, којашто се
фокусира на демократското владеење, одржливиот економски развој, и водата и
животната средина, останува клучен столб на билатералните односи, во услови кога
Швајцарија се подготвува да претседава со Организацијата за безбедност и соработка
во Европа во 2026 година.
Швајцарија е присутна во Северна Македонија од 1992 година, а дипломатските
односи беа формално воспоставени во 1994 година. Швајцарската амбасада во Скопје
беше отворена во 2000 година. Врските меѓу двете земји се зајакнати и преку
големата заедница со потекло од Северна Македонија што живее во Швајцарија.
Амбасадорот Зомер исто така ќе ја надгледува и Швајцарската програма за соработка,
којашто се спроведува во тесна соработка со државните институции, граѓанското
општество и приватниот сектор. Во текот на изминатите три децении, Швајцарија
придонесе со околу 370 милиони швајцарски франци во развојна соработка, што ја
прави еден од најважните билатерални партнери на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари