Утрински Весник
Македонија

Денеска променливо облачно со повремен дожд, температура до 17 степени

Dozd.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Според прогнозите на УХМР, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 литри на метар квадратен).

Од вторник ќе има стабилизирање на времето. 

Можете да прочитате

Има решение за македонското земјоделство – но дали системот сака да се промени?

За два дена 1026 сообраќајни прекршоци низ Македонија

СДСМ: Форумот на жени против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, највуваме и пријави