Утрински Весник
Скопје

Со „Фиат 500“ и насмевка, Герасимовски пристигна на чистењето на Скопје!

Img 0647.jpeg

Вечерва започна големата акција за чистење на главниот град „72 часа чисто Скопје“ од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На терен се ангажирани десетици камиони, цистерни и механизација, подготвени да интервенираат низ сите делови на градот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, пристигна на акцијата со својот „Фиат 500“, додека новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата, потенцираше дека ова претставува прв чекор кон враќање на достоинствениот и уреден изглед на градот.

– Во наредните 72 часа ќе дадеме сè од себе Скопје да блесне онака како што им ветив на скопјани. Ќе бидат вклучени екипи од јавните претпријатија, како и поддршка од повеќе општини од внатрешноста. После долго време, повторно ќе се перат улиците, плоштадот и кејот ќе се исчистат темелно, а јавните претпријатија ќе се вратат во нормална функција, рече Ѓорѓиевски.

ЛИНК ДО ВИДЕО

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје