Утрински Весник
Македонија

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Zajkova 681x464 1.jpg

Лидерката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова на социјалните мрежи реагира на недостигот од тумор маркери и делови од терапијата на онколошките пациенти.

Додека за многу други работи институциите наоѓаат начин да договорат набавка и без тендер за јавна набавка, онколошките пациенти мора да чекаат долги административни постапки за најосновното – тумор маркери и делови од терапијата.

Веќе со месеци укажувам на овој проблем за денес конечно јавно да излезе и Министерството за здравство. Итни законски промени на итна седница, за здравствениот систем да може навремено да одговори на потребите на пациентите. Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија!“ вели Зајкова во објавата.

Можете да прочитате

Спасовски: Не може и против Грција, и против Бугарија, а да сте за ЕУ

Спасовски: Ќе има предвремени парламентарни избори, СДСМ мора да биде подготвен

Спасовски со отворена самокритика: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи разочарувања!