Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

571173018 1374500070708148 3546348835910361022 n.jpg
Dik 300x250 mk

„Потребен ни е многу поширок, посилен и поорганизиран фронт – тоа е една од лекциите кои ги научивме за време на овие локални избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот што следи“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Лидерот на СДСМ најави дека во наредните неколку месеци ќе се работи на проширување на опозициската платформа не само со политички чинители, туку и со граѓански организации. Како што рече, СДСМ е единствената политичка сила која може реално да ѝ парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче на денешната прес-конференција потврди дека следуваат промени во раководството и во политиките на СДСМ, но нагласи дека идеолошката база и вредносните принципи на Социјалдемократскиот сојуз остануваат исти. Тој истакна дека подолг период се работи на нова програмска платформа која ќе ги опфати различните сектори и ќе ги следи основните вредности на партијата.

„Разговарам со многу луѓе, ги пратам и реакциите кои стигнуваат до мене преку социјалните мрежи. Ја разбирам негативната емоција, сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи изборите и ги разбирам граѓаните. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат ќе може да се дебатира поразумно, пофер и поотворено. Од бројните разговори што ги водам ќе ги изберам најдобрите луѓе кои ќе бидат дел од тимот во следниот период“, рече Филипче.

Тој додаде дека процесот на кадровски промени ќе биде внимателен и постепен, бидејќи не сака да се избрза со изборот на новиот тим. „Најавив дека тоа ќе се случи оваа недела, но сепак ќе треба повеќе време, не сакам да се избрза со тој процес“, истакна лидерот на СДСМ.

Филипче најави дека следува динамичен период за опозицискиот блок и дека СДСМ ќе работи на консолидирање и зајакнување на соработката со други опозициски субјекти и граѓански организации.

Претходно, Филипче најави кадровски промени во партиското раководство по завршување на локалните избори. Тој рече дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ, но дека изборните резултати се јасен сигнал за тоа какви политички и кадровски корекции треба да се направат. По вториот круг од изборите, оставка поднесе една од потпретседателките на СДСМ, Ана Чупеска.

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари