Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Реформата на ДУИ започнува и завршува со Блерим Беџети

Vlen.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВЛЕН:

Дебаклот беше јасен како ден. Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега живее во егзил, Никола Груевски. Тие измислуваат имагинарни непријатели и следни „виновници”, но никогаш себеси. Две децении ја хранеа власта со лаги и страв, а денес, кога народот им ја затвори вратата, немаат ни минимално достоинство да молчат. ДУИ не падна случајно, туку беше соборена од ароганцијата, измамата и кражбата што ја претворија во партиска култура.

Велат дека ќе „анализираат”. Но, каква анализа е ова, кога пред јавноста се појавуваат истите лица што ја уништија партијата? Наместо размислување, тие продолжуваат со пропаганда. Блерим Беџети повторно се појавува на сцената, човекот кој симболизира сè што Албанците го отфрлија: ароганција, неморал и навреда на интелигенцијата на граѓаните. Со секое јавно појавување, ДУИ уште еднаш го запечатува својот неуспех, докажувајќи дека повеќе нема идеи, нема морал и нема луѓе што можат да ја спасат од колапс.

Сега дури се двоумат да го употребат зборот “реформа” и да го заменат со формулата „да им се даде простор на новите генерации”. Но, како го започнуваат ова? Со тоа што како знак на промена објавуваат дека Блерим Беџети повеќе нема да биде координатор на пратеничката група! Ова е “реформата” што ДУИ ја ветува за поместување на столчињата, но не и на луѓето кои две децении станаа синоним за ароганција и злоупотреба. Ако за нив „промената” започнува и завршува со Блерим Беџети, тогаш ДУИ го запечати својот политички крај.

Можете да прочитате

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ