Утрински Весник
Магазин

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Image 2025 11 05 105233410.png
Dik 300x250 mk

Џонатан Бејли е „Најсексипилниот маж на денешнината“ за 2025 година, според списанието „Пипл“. Извонреден во сè што прави, се вели, англискиот глумец ја краде сцената – и срцата на обожавателите, зацврстувајќи го својот статус како една од „најмагнетните“ ѕвезди во Холивуд.

Бејли (37) пораснал на село во Оксфордшир со три постари сестри, неговата мајка Керол, и татко му Стјуарт. Знаел дека сака да биде глумец на петгодишна возраст откако ја видел претставата „Оливер!“ со неговата баба. На 7 години, тој настапувал со Кралското Шекспирово друштво во Лондон и оттогаш продолжува да го совладува својот занает и на сцената и на екранот. И сепак, тој сè уште се навикнува на целата „фама“ околу него. Прашан, кога првпат почувствувал дека неговата слава расте, Бејли се сеќава на еден момент од 2020 година, кратко откако енергичната серија на Нетфликс – „Бриџертон“ го катапултираше во средиштето на вниманието.

– Го имав поставено радиото на алармот и едно утро се огласи со: „Еве ги вестите во 7 часот. Но, пред да одиме, може ли да позборуваме за Џонатан Бејли?“ Дали е ова вистинско? Беше лудо!, се присети глумецот низ смеа.

Актерот е благодарен што соработувал со брилијантни таленти како Мет Бомер, Аријана Гранде, Синтија Ериво и Скарлет Јохансон, како и за последнава титула. 

– Ова е огромна чест. Очигледно, сум неверојатно поласкан. И, тоа е сосема апсурдно. Ова беше тајна, па затоа сум доста возбуден што некои пријатели и семејство ќе дознаат сега, додаде Бејли.

Натаму во интервјуто, за тоа што „секој маж треба“, тој дополнува: „Да има геј-пријател“. Бејли минатото десетлетие ѝ призна на јавноста дека е хомосексуалец.

– Жалам што не можев да свирам виолончело. Почнав да одам на часови и беше доста сурово. А, за јазици – не можев да научам и разбирам ниту јазици. Знаете, можам да зборувам француски дома, вели глумецот говорејќи за истражувањето на своите особини, вештини и дарби.

Говорејќи за своите хобија, тој наведува прошетка, кафе, дружење со пријателите, музика („секогаш има слушалки при рака“), филм, театар. На крајот, тој вели:

– Се чувствувам неверојатно среќно. Животот е возење за секого, без разлика кој си, од каде доаѓаш… Само треба да се осигураш дека кога си во тоа возење, гледаш лево и десно, и сите да се добро. И дај им „Да пукне!“ патем, ако им е потребно.  

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство