Утрински Весник
Македонија

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Sud 1.webp.webp

Европската комисија го објави својот најнов извештај за напредокот на Македонија, во кој се нотира алармантен застој во клучните области. Во поглавјето „Фундаменти“, земјата доби оценка „нула напредок“ во делот „Судство и фундаментални права“ и „нула напредок“ во „Борбата против корупцијата“.

Извештајот нагласува дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“. Дополнително, кредибилитетот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е доведен во прашање по подигнувањето обвинение и оставката на нејзината претседателка. Комисијата забележува дека случаите на корупција на високо ниво „често доживуваат одложувања, застаруваат или резултираат со минимални казни“.

Во однос на судството, извештајот заклучува дека независноста е „поткопана од мешање и притисок од другите гранки на власта“.

Во исто време, Комисијата потсетува дека отворањето на првиот кластер од преговорите зависи од усвојувањето на уставните измени. Во извештајот се констатира дека „не се направени обиди“ за усвојување на измените за вклучување на граѓаните кои се дел од други народи, како што се Бугарите, во Уставот.

Политичката поларизација во Собранието, исто така, го одложи усвојувањето на важни реформи.

Можете да прочитате

Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание

Филков: Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата

Возач на мотоцикл повреден во сообраќајка кај Јурумлери