Утрински Весник
Македонија

(Видео) Излажа ли актерот? Пендаровски не му понудил на Гоце Тодоровски да ги продаде рубините од Орденот

Stevo goce.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гостувајќи во Подкаст кај Стефан Лазаров македонскиот актер и легенда на македонското глумиште Гоце Тодоровски се наврати на добивањето Орден за заскуги од страна на тогашниот претседател Стево Пендаровски.

Во подкастот Тодорвски зборуваше за ускратувањето од националната пензија, како и Орденот од претседателот на државата, велејќи дека Пендаровски му понудил да ги продаде рубините (вкупно осум) кои се наредени на Орденот.

„И ми го даде тоа ќесичето со Орденот. 78 грама сребро има орденот, има осум позлатени пера и осум македонски рубини. Па вика (Пендаровски) извади ги рубините и продај ги. Криво ми е зошто Орденот не носи автоматски национална пензија“ рече Тодоровски во подкастот.

Но тоа, сепак не е точно.

24инфо.мк дојде до целосното видео од посетата на Пендаровски кај Гоце Тодоровски.

На видео снимката се забележува дека прво Пендаровски не носи ќесе со орден како што вели Тодоровски, а на целосната снимка во ниту еден момент Пендаровски не му предлага на Тодоровски „да ги извади рубините и да ги продаде“.

Во однос на националната пензија, извори од тогашниот кабинет на Пендаровски велат дека преку кабинетот се правеле напори, преку лобирање и препораки актерот да добие државна награда со која ќе се стекне со национална пензија, но обидите не успеале.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари