Утрински Весник
Македонија

Затвореник и негова пријателка со туѓа лична карта ваделе брзи кредити

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „злоупотреба на лични податоци”, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на април и мај 2025 ги искористиле така што во име на лицето аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва за вкупен износ од 227.500 денари.

После тоа, второпријавената неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.

Можете да прочитате

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања

Во Македонија од 61 лиценцирана фирма, на 14 им е одземена дозволата за производство на канабис