Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Dozd sneg.jpeg
Dik 300x250 mk

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Крушево, а најмалку во Гевгелија.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 – Тополчани, 12 – Прилеп, Битола, 10 – Берово, 8 – Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 – Маврови Анови, 6 – Претор, Демир Капија, 5 – Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 – Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 – Велес, Ѓуриште, 1 – Гевгелија.

Најниската минимална температура била евидентирана на Попова Шапка, а највисоката во Гевгелија. Според податоците на УХМР од утрово, 1 – Попова Шапка, 3 – Маврови Анови, 5 – Лазарополе, 7 – Крушево, Куманово, 8 – Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Виница, 9 – Штип, Берово, Скопје – Зајчев Рид, Битола, 10 – Велес, Скопје – Петровец, Претор, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 12 – Гевгелија.

Времето денеска се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Според синоптичарите, ќе дува умерен, долж Повардарието, засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје, се очекува променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин