
Доцна вечерва до пратениците во Собранието пристигна предлог буџетот на Република Македонија за 2026 година, кој изнесува 6,75 милијарди евра дознава 24инфо.
Според првичните информации, буџетот за наредната година е проектиран со цел да обезбеди стабилност на јавните финансии, поддршка за економски раст и инвестиции во клучни сектори како инфраструктура, здравство, образование и земјоделство.
Очекувањата се во наредните денови министерот за финансии да го образложи предлогот пред пратениците и јавноста, по што ќе следи расправа во матичните комисии, а потоа и пленарна дебата.
Буџетот за 2026 година се очекува да биде еден од најважните документи во економската политика на Владата, со оглед на најавените реформи и новите приоритети во јавната потрошувачка.



