Утрински Весник
Скопје

Апасиев: Левица е прва партија пред ВМРО – ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром

20251102231550 big 730x400 50.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

,,Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија дури и пред ВМРО – ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром”, истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025.

,,Ова е Пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица, оваа вечер ќе упатам честитки само до кандидатите во Кичево и во Брвеница. Тоа значи дека нашата Македонска платформа дава резултати, доколку се обединиме, за разлика од нив. Сетете се што ù направија на Јована во Струга!”, потенцираше Апасиев.

,,Ако треба да опишам во еден збор како помина вториот круг, тоа е: ВМРО стагнира, Левица дуплира. Браво! Од првиот круг Орце од Драчево има освоено плус три и пол илјади гласа, што е само три посто зголемување, додека Амар од Чаир има освоено плус триесет илјади и петстотини гласа, што значи – сто посто зголемување. Ова само покажува дека опозициските тенденции веќе се престројуваат позади Левица”, додаде Лидерот на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.

Можете да прочитате

Меџити-Спиропали: Во фокусот актуелните случувања

Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души од згрижувачките семејства

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината