Утрински Весник
Македонија

Пријавени над 76 илјади граѓани за вакцинација против грип, вакцинирани се над 43 илјади, почна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во ЦЈЗ-Скопје

Vakczinaczija.webp.webp

За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство.

– Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Исто така, е започната и вакцинацијата со комерцијалните вакцини во Центарот за јавно здравје Скопје, а во текот на неделата ќе отпочне вакцинација и во другите центри за јавно здравје низ државата.

Екипите на Центарот за јавно здравје – Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 07:30 до 14:30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари. 

Можете да прочитате

Кучиња скитници нападнале 2-годишно дете, со тешки повреди пренесено од Битола во Скопје

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат