Утрински Весник
Свет

Белата куќа ќе го ограничува пристапот за новинарите

Belata Kuka.jpg

Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба.

Во меморандум објавен доцна синоќа се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од заштита на потенцијално чувствителни информации. Во документот се вели дека промената ќе стапи на сила веднаш.


Одлуката на Белата куќа следува по ограничувањата воведени претходно овој месец за акредитираните новинари во Министерството за одбрана, што принуди десетици новинари да ги напуштат канцелариите во Пентагон и да ги вратат своите акредитации, пренесуваат светските агенции. 

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија