Утрински Весник
Магазин

Макало со грав и суви пиперки

20251024141121 big 730x400 99.webp.webp
Dik 300x250 mk

Макалото со својата уникатна комбинација на вкусови и текстури, е симбол на македонската традиционална кујна и совршен избор за секоја трпеза.

Состојки:


  • 300 грама грав
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 сушени црвени пиперки
  • 100 мл масло
  • сол по вкус

Подготовка:

Исчистете и исецкајте две чешниња лук и додадете сол. Земете толчник и изгмечете го кромидот и посолете. Гравот го вариме заедно со суви пиперки и кромид. Кога ќе се свари, ги вадиме пиперките и ги додаваме на изгмечениот кромид.Сварените суви пиперки ги лупиме со лажица и ги толчиме. Гравот го цедиме за да нема вода во него и го додаваме на изгмечените пиперки. Го толчиме и гравот. Ставете го маслото  да се загрее и  потоа испржете го макалото. Брзо промешајте додека маслото е врело за да се соедини со гравот.

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува