Утрински Весник
Скопје

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Image 2025 10 31 172905697.png

,,Повикувам на поддршка од сите противкандидати мои од првиот круг. Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе. Повикувам на поддршка од граѓанскиот сектор, затоа што ако сум првостепено кандидат на Левица, ова е веќе кандидатура на Скопје. Победата, ако се случи, ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот”, отворено повика кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција.

,,Морам да потсетам дека ова е веќе одговорност да се спротивставиме на режимот авторитарен на Мицковски. Ова е одговорност на секој човек кој нејќе да се види под апсолутна капа на суетни одмаздољубиви луѓе. Значи, ние не смееме да дозволиме да има апсолутна власт оваа гарнитура злонамерна, да имаат претседателска функција, владина функција, локални единици, да ни ги држат општините скопски и да ни го држат Градот. Тоа не смее да се случи”, додаде тој.


Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост