Утрински Весник
Македонија

Филипче: Барам максимална поддршка за кандидатите на СДСМ, очекувам опозициското расположение да расте!

Filipce.jpg

Барам максимална поддршка за кандидатите на СДСМ во вториот круг од локалните избори, истакна денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче нагласи дека кандидатите се луѓе кои нема да работат за поединци, туку за надорот, со реални програми и повика граѓаните да излезат во голем број и да гласаат за кандидатите на СДСМ.


– Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани, ги повикуваме сите кандидати кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба. Онаму кадешто нашите кандидати не поминаа, секој наш гласач има право да избере по сопствено убедување кандидат кој е поблизок до социјал-демократските вредности. Очекувам опозициското расположение да расте, а поддршката за власта да опаѓа откако загубија 140.000 гласови, објасни Филипче.

Можете да прочитате

Заев: Барам јавно извинување од Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ – во спротивно ќе поднесам тужба за клевета

Минчев: Историски договор со синдикатите, платите во јавната администрација растат до 40% – СДСМ води нихилистичка и самоуништувачка политика

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на ,,Партизанска”