Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Водевме фер, чесна и конструктивна кампања, во недела се потврдува победата

Gerasimovski Itno Kopce 3 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервјуто за медиумот „Пари” вели дека по резултатите од првиот круг и поддршката што ја добива од терен во изминатите денови, смета дека во недела, заедно со граѓаните на Центар, ќе се потврди големата победа.

„Нашите очекувања и анализите кои ги имаме се дека поддршката расте, а во вториот круг ќе ја зголемиме разликата. Сметам дека водевме фер, чесна и многу конструктивна изборна кампања, која беше длабоко втемелена во програмата за следните четири години. Мојата програма не беше изборен памфлет како на мојот противкандидат, туку сериозен стратешки и политички документ составен врз база на остварливи ветувања и проекти за секој дел од Центар и за секоја категорија граѓани. Ова е суштинската разлика меѓу мене и другата опција”, истакнува Герасимовски.


Тој потенцира дека не се служел со ниски напади, лаги и манипулации како што тоа го правеа противкадидатите, туку се фокусирал на реални ветувања и конкретни проекти кои граѓаните на Центар ги препознаа.

„Центар и центарци не потпаѓаат на стари потрошени трикови и негативна кампања, знаат да препознаат искрен пристап и посветена работа, и затоа очекувам во недела да ми ја дадат поддршката”, вели Герасимовски.

Можете да прочитате

Членови на СДСМ од Карпош со полна поддршка за Стевчо Јакимовски

Влијаеше ли црната листа на стратешкиот пријател на одлуката на Филипче за Карпош?

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот