Утрински Весник
Балкан

Хрватска вложува 1,9 милијарди евра во вооружување: Набавка на тенкови „Леопард“ и хаубици „Цезар“

Hrvatska 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ..

Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат покренати до крајот на оваа година, изнесува 1,945 милијарди евра.


Сè освен системот за противдронска заштита ќе се финансира од заеми од европскиот финансиски инструмент SAFE. Последната испорака се очекува до 2030 година.

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана Иван Анушиќ рече дека со ова се надминуваат два отсто од БДП издвојувања за одбраната.

– Со набавките и со ова потпишување на договорите и со овој почеток на набавката се креваме на многу повеќе од 2 отсто и продолжуваме да ги развиваме целите на способностите врз основа на нашиот детален план за развој и стратегија и врз основа на нашата обврска што ја дадовме во рамките на НАТО, рече Анушиќ.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во проектите за набавка се вклучени компании и партнери од Хрватска. Меѓу нив се „Кончар“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“, а отворена е можноста за учество и на други хрватски производители. Со тоа, велат, се поттикнува развојот на домашната одбранбена индустрија и се зајакнува способноста на Хрватската војска и нејзината интероперабилност со НАТО.

Можете да прочитате

На 13 ноември, за првпат, заедничка седница на албанската и италијанската влада

Во Грција опасност од недостиг на вода

Армијата излегува на улиците во Словенија