Утрински Весник
Балкан

На 13 ноември, за првпат, заедничка седница на албанската и италијанската влада

Ramameloni.webp.webp

На 13 ноември во Рим ќе се одржи заедничка седница на  албанската и италијанската влада.

„Ова е првпат да се одржи заедничка седница меѓу  владите на двете земји. На истата  ќе бидат потпишани неколку договори, а на крајот ќе  дадат изјава премиерите на двете земји,  Еди Рама и Џорџа Мелони, објави Ора њуз.


Освен што ова е прва заедничка седница на владите на двете земји исто така ова ќе биде првпат Италија да потпише договори со земја која не е членка на ЕУ.

Според истиот извор, вчера албанската влада во усвоила  договор за стратешка соработка со италијанската влада, во најмалку 10 области, почнувајќи од здравство, енергетика и животна средина, па сè до безбедносната индустрија и вештачката интелигенција. 

Можете да прочитате

Еди Рама на средби во Ватикан со папата Лав XIV и државниот врв на Светата столица

Невреме во Далмација – 24info.mk

Анкета: Мало зголемување на поддршката за членството на Србија во ЕУ