Утрински Весник
Свет

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

China Flag.jpg
Dik 300x250 mk

Кина денеска ги повика САД „сериозно“ да ја почитуваат меѓународната забрана за нуклеарни тестирања, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наредил на своето Министерство за одбрана да го тестира нуклеарното оружје на неговата земја.

– Кина се надева дека САД сериозно ќе ги почитуваат обврските од Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови и нивната обврска да забранат нуклеарно тестирање и да преземат конкретни мерки за зачувување на светскиот систем на нуклеарно разоружување и неширење на нуклеарно оружје со цел да се зачува светската рамнотежа и стратешката стабилност – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција.


Претходно денеска, пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, Трамп му нареди на своето Министерство за одбрана веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ со другите нуклеарни сили како што се Русија и Кина.

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс