Утрински Весник
Македонија

Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, приведено едно лице

572911103 1127867486190444 2259099563711016798 n.jpg

На 29.10.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В.(40) од Прилеп.

Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, 64 различни монети и други предмети.


По документирање на настанот, против П.В. ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол