Утрински Весник
Скопје

Здружението на пензионери на Општина Центар задоволни од реализираното, изразија надеж дека соработката со Герасимовски ќе продолжи

20251030094136 big 730x400 9.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Здружението на пензионери на Општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи.

„Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот,” истакна Герасимовски.


На средбата се разговараше и за новата програма во која се предвидува изградба на дом за стари лица, во кој највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена.

Здружението изрази надеж дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски ќе продолжи и во иднина.

Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица”, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа.

Можете да прочитате

Без струја корисниците на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода

Без вода делови од „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“

Меџити-Спиропали: Во фокусот актуелните случувања