Утрински Весник
Скопје

По оставката на директорот на Комунална хигиена, скопската градоначалничка ја повика власта да назначи нов

Danela.jpg

По завршувањето на распитот пред судија на претходна постака во кривичен за двете раководни лица во Комунална Хигиена Сабахудин Рустеми и Аки Саити, нивниот адвокат Асмир Алиспахиќ информира дека директорот Рустеми од притвор си поднел оставка од функцијата поради морални причини, како што кажа Алиспахиќ оставката не била поврзана со признание на вина.

Градоначаличката на Скопје пак Данела Арсовска со преку социјалните мрежи бара да се назначи директор како би функционирало претпријатието како што треба. Арсовска повторно со тврдење дека Премиерот и власта преку управниот одбор го тероризирале градот.


– Го повикуваме премиерот Мицкоски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО која воедно е и осуден криминалец за 2 кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија во случај да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието.

После маратонскиот распит кој траеше повеќе од седум часа судијата на претходна постапка донесе одлука за одредување мерка притвор во траење од 30 дена, пред тоа Рустеми и Саити беа задржани безмалку 24 часа на распит во полициска станица, обвинителството ги сомничи согласно член 230 став 1 поради загрозување на животната средина и природата за што поред кривичниот законик се предвидува казна затвор од една до десет години.

Можете да прочитате

Оштина Чаир без Бадентер изменуваше две улици по борци на ОНА

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Нови дигитални услуги за паркирање во Центар, апликации, сензори и помалку чекање на шалтери