Утрински Весник
Балкан

Тешка сообраќајка во Србија, едно дете загина, седум се повредени

Soobrakajka.webp.webp

Ноќеска во 3:32 часот наутро, на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал, јавува rts.rs.

Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на највисоко ниво на итност.


Едно дете родено во 2009 година починало на самото место од повредите здобиени во несреќата.

Седум други деца, на возраст помеѓу 2009 и 2012 година, претрпеле сериозни повреди и биле префрлени во Детската болница во Нови Сад.

Возачот на комбето, маж роден 1982 година, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина со повеќекратни повреди, потврдија од Институтот за итна медицина за РТС.

Можете да прочитате

Пукање во Турција, има загинати, вооружениот напаѓач побегнал

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Нови правила: Влез во Грција само со нов комплет прва помош