Утрински Весник
Магазин

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

Mecka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гувернерот на јапонската префектура Акита – планинскa област на северот на земјата, ја повика војската да помогне во заштитата на жителите од сѐ почестите напади од мечки.

„Исцрпеноста кај луѓето на теренот го достигнува својот врв“, објави гувернерот Кента Сузуки на својот Инстаграм-профил вчера, најавувајќи дека планира лично да го посети Министерството за одбрана во однос на проблемот со мечките.


Повикот уследи по смртоносниот напад на мечки, токму во градот Акита, при што загина едно лице, а тројца се повредени.

Јапонија, инаку, за ова подрачје пријави рекорден број напади на мечки низ целата земја. Надлежните власти тврдат дека 54 лица се убиени или повредени во напади на мечки само оваа година. Ова е нагло зголемување на бројот на напади на мечки, со оглед на тоа што лани имало 11 такви напади.

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината