
Хрватската пејачка Северина настапи во својот роден град Сплит.
Сплитчани ја пречекаа пејачката со силен аплауз, која го започна концертот еден час подоцна поради толпата на влезовите, пишува хрватски „Индекс“.
Северина го започна долгоочекуваниот концерт со нејзиниот хит „Бред Пит“, а потоа ја отпеа „Узбуна“. На целиот концерт му дадоа интимна димензија видео позадините, кои во текот на вечерта прикажуваа досега невидени приватни снимки од Северина и нејзините најблиски – трогателни моменти од минатото, семејни средби и почетоците во кариерата.
Шест камиони со опрема со вкупна тежина од 150 тони пристигнаа во „Грајпе“, додека сцената беше осветлена и врамена со 200 квадратни ЛЕД екрани. Оваа количина техничка опрема беше инсталирана за прв пат во сплитската сала, а Северина и нејзиниот 60-член тим го подготвуваа концертот два месеци.
Кон крајот на концертот, Северина отпеа песна за својот син, Роџено моје. „Сега песна за најважниот човек во мојот живот, неговото срце чукаше под моето. Неколку пати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене“, рече Северина.
Северина е родена и пораснала во Сплит.



