Утрински Весник
Свет

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции за нафтената индустрија на Русија работат против САД

Putin.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оние кои го советуваат претседателот на САД Доналд Трамп да воведе санкции за руската нафтена индустрија, всушност работат против интересите на САД.

– Ако обемот на нашата нафта и нафтени деривати се намали на светскиот пазар, тоа ќе доведе до скок на цените на нафтата и горивото, вклучително и на бензинските пумпи, а Соединетите Американски Држави не се исклучок, рече Путин додавајќи дека разговарал на таа тема со Трамп, пренесе денеска Тас.


Тој нагласи дека растот на цените на горивото би можел да има политички последици во САД. 

Можете да прочитате

Кина го тестира најголемиот електричен брод во светот: Превезува 740 контејнери без капка гориво

Поради руски напади на Украина, Полска затвори два аеродрома во близина на границата

Британија се заканува со заплена на руски танкери од „флотата во сенка“