Утрински Весник
Македонија

Возач со „Опел Астра“ удри четворица пешаци па утрил во семафорот во Ново Лисиче

13928 1.jpg

Денеска (23 октомври 2025) околу 11:25 часот во скопската населба Аеродром се случила тешка сообраќајна несреќа, во која автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски таблички, управуван од Т.Н. од Скопје, излетал од коловозот и удрил во четворица пешаци на тротоарот.

Според информациите на МВР, повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две малолетнички, сите од Скопје. Возилото по ударот продолжило да се движи и се забило во семафор.


Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди. Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица

Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!