Утрински Весник
Македонија

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија 

1000056555.jpg
Dik 300x250 mk

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија.

Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија.


Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји.

Како што истакнаа двајцата министри, преку Договорот се овозможува поголема слобода и флексибилност на авиокомпаниите, ефикасно работење и нови услуги, додека за патниците се овозможуваат подобри конекции, нови дестинации и конкуретни цени.

Вицепремиерот Николоски по потпишувањето потенцираше дека Македонија има огромен раст во авиосообраќајот во последната година и претставува сериозна конкуретна земја во регионот, а тоа се должи пред се на спроведување на политиките на Владата за развој на цивилниот воздушен сообраќај.  Додаде и дека домашните аеродроми имаат огромен потенцијал да опслужат нови авиокомпании и патници. 

Со Договорот се уредува и интермодалниот превоз што е особено важен дел во карго транспорот, а исто така се постигнува и висок степен на заштита и безбедност на авиокомпаниите и патниците утвредни преку ИКАО стандардите. 

Можете да прочитате

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни“

Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка (ВИДЕО)

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди