Утрински Весник
Македонија

Шок во Капиштец: 10-годишно дете каснато од глушец на игралиште поради ѓубрето во градот

Adsiz tasarim 14.jpg

Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека се играло со други деца, објави телевизија Сител. Инцидентот резултираше со раскрвавена рака кај детето и доаѓа во време кога Скопје се соочува со сериозна криза со ѓубрето, а ЈП „Комунална хигиена“ е под истрага.

Според извештајот, детето било нападнато од глодарот среде игралиште, што претставува директна последица на лошата хигиена и преполните контејнери кои со денови ги преплавуваат скопските улици и населби. Градот буквално се претвора во депонија, а граѓаните стравуваат од ширење на зарази.


Во отсуство на редовни услуги од страна на „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат ситуацијата.

Во меѓувреме, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ е недостапен за јавноста, а институционалната криза кулминираше со акцијата на полицијата и обвинителството, кои влегоа во просториите на претпријатието за истрага за можни злоупотреби.

Инцидентот со каснатото дете е алармантен сигнал за сериозноста на ситуацијата и за итната потреба од решавање на кризата со отпадот во Скопје.

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола