Утрински Весник
Македонија

Алиу: Нашата цел е МЗ да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално

20251022152032 big 730x400 38.webp.webp

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше дел од работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација(СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем.

-Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите работни групи и комисии. Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално, посочи министерот Алиу на работилницата.


Тој информираше дека формира интерна работна група која ќе го финализира протоколот за комуникација и сите договорени следни чекори од денешната дискусија, ќе го презентира пред сите раководители на сектори и ќе предложи временска рамка за негова имплементација.

Министерот Алиу пред учесниците на работилницата порача дека на овој начин се поставува основата за министерство кое планира, комуницира и делува како еден тим.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити

Миноски: Без структурни реформи нема одржлив економски раст и повисок животен стандард

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?