Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

20251022144346 big 730x400 51.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.

-Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, објави Мицкоски на Фејсбук.



Можете да прочитате

Серафимовски: Грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство

Во 2024 година 4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали

ССК очекува дека ќе се најде најдобро решение за превозниците