Утрински Весник
Скопје

Митески за алармантната состојба со отпадот во Општина Аеродром: Ќе издржиме уште 10 дена

Miteski 5.jpg
Dik 300x250 mk

“Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје.


Истите, за таа работа се платени од граѓаните на Аеродром.

Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче.

Ние како општина поднесовме кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, како и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира.

Од страна на комунални инспектори на општината ги казнивме два пати по 80.000 евра, но попусто, кај нив не владее здравиот разум.

Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром! Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес.

Ќе издржиме уште 10 дена – Аеродром ќе го исчистиме!”, вели Дејан Митески.

Можете да прочитате

ЈПКХС: Во текот на вчерашниот ден подигнати 350 тони комунален отпад

Јовановска: Деструктивна матрица на ‘мој” и “твој” човек го врати Скопје децении назад

Анима Мунди: Дислоцирањето кучиња од една во друга општина – сурова и опасна пракса што мора да запре